Анадолу Ефес во неверојатно драматичен меч во Истанбул го победи Реал Мадрид со 90:89 во дуелот од 24. коло во Евролигата. На почетокот на последниот период гостите имаа 17 поени негатива, успеаја да се вратат и да поведат, но завршниот удар сепак го зададе турскиот клуб.
На минута и пол до крајот, Јабуселе погоди тројка за 83:84 и тотално неизвесна завршница. Сепак, возврати и Ларкин со тројка, а потоа со поените на Плајс и на Клајбурн, го доби овој меч.
Муса погоди тројка за 90:89, но веќе беше доцна, останаа само 2 секунди до крајот, па триумфот му припадна на Ефес.