Top Sport

Рекорд на Атланта, Кари им пресуди на Милвоки, брилијантни партии на Јокиќ и Вучевиќ

Голден стејт Вориорс ги шокираа Милвоки Бакс, Атланта Хоукс поставија рекорд во НБА лигата, Јокиќ и Вучевиќ ги предводеа своите тимови со нови победи, а Пол Џорџ и Џоел Ембид ги предводеа своите тимови до нови победи со 30+ поени.

Голден стејт против Милвоки Бакс ја прекинаа лошата серија. Вориорс го победија тимот за кој не играше Јанис Адетокумбо со 122:121. Стеф Кари го предводеше својот тим со 41 поен. Поените за победа ги постигна Кели Убре од линијата за слободни фрлања на 7,7 секунди до крајот.

Атланта Хокс ги победија Њу Орлеанс Пеликанс со 123:107. Хокс, мечот го решија во третата четвртина, во која погодија 11 тројки од осто толку обиди. Ова е нов рекорд во НБА лигата, претходниот го држеа Кливленд Кавалирс, со девет тројки од девет обиди.

Во победата блескаа Тре Јанг со 30 поени и Богдан Богдановиќ со 21 поен и по четири скока и асистенции.

Денвер Нагетс немаа проблем со најлошиот тим во Источната конференција, Детроит Пистонс. Нагетс победија со 134.119. Никола Јокиќ мечот го заврши со 27 поени, осум скока и 11 асистенции, два поени помалку постигна Мајкл Портер јуниор, а Вил Бартон уфрли 24 коша.

Никола Вучевиќ, одлично се снајде во Чикаго. По само неколку натпревари ја презеде лидерската улога. Булс славеа победа над Индијана Пјесерс 113:97, благодарение на Вучевиќ кој забележа 32 поени и 17 скокови.

Џоела Ембид се врати по паузата поради повреда и ја предводеше Филаделфија до победата над Бостон Селтикс со 106:96. Камрунецот натпреварот го заврши со 35 поени и шест скока.

Клиперси, влегоа во форма, во дербито славеа над Портланд 133:116. Пол Џорџ го предводеше својот тим со 36 поени, на спортивната страна Норман Пауел заврши со 32 коша.

Scroll to Top