Top Sport

Руди Гобер ги предводи најдобрите дефанзивци во НБА лигата

НБА лигата го објави составите на првата и втората дефанзивна петорка за оваа сезона. Најмногу гласови во изборот добил центарот на Јута Џез, Руди Гобер. 25-годишниот француски репрезентативец добил вкупно 192 гласа.

Руди Гобер во регуларниот дел на сезоната бележел 10,7 скока по натпревар (11.место во лигата) и 2,3 блокади (3.место во лигата). Поради повреда тој пропуштил 26 натпревари.

Францускиот центар заедно со Џоел Ембид од Филаделфија и Ентони Дејвис од Њу Орлеанс конкурира за наградата најдобар дефанзивец во НБА лигата.

Покрај Гобер во првата дефанзивна петорка се избрани Ентони Дејвис (Њу Орлеанс Пеликанс), Виктор Оладипо (Индијана Пејсерс), Џру Холидеј (Њу Орлеанс Пеликанс) и Роберт Ковингтон (Филделфија ’76).

Дејвис втор пат во кариерата е избран во најдобриот дефанзивен тим, додека прв пат во најдобрата дефанзивна петорка се избрани Оладипо, Ковингтон и Холидеј.

Втората најдобра дефанзивна петорка ја формираа Џоел Ембид (Филалделфија ’76), Ал Хорфорд (Бостон Селтикс), Дежонте Мареј (Сан Антонио Спарс) и Џими Батлер (Минесота Тимбервулфс).

Scroll to Top