Top Sport

Руди Гобер и Николас Батум ќе ја предводат Франција на Мундобаскет

Kошаркарската репрезентација на Франција ќе биде еден од главните фаворити за претстојниот Мундобаскет. Селекторот Венсан Коле ги одреди 12 играчи на кои смета за настапот на Светското првенство.

Во ростерот на „триколорите“, само еден играч не доаѓа од Евролигата или од НБА. Предводници се Руди Гобер и Николас Батум од НБА лигата, а тука се и Гершон Јабуселе и Матијас Лесор.

На списокот на Франција се најдоа следните имиња: Силвен Франциско (Перистери), Нандо Де Коло (Асвел), Френк Нтиликина (Далас), Ели Окобо (Монако), Еван Фурние (Њујорк Никс), Јакуб Утара (Монако), Тери Тарпеј (Монако), Николас Батум (Клиперс) , Гершон Јабуселе (Реал), Матијас Лесор (ПАО), Мустафа Фал (Олимпијакос), Руди Гобер (Минесота).
Французите се во групата Х со Летонија, Либан и со Канада.

 

Scroll to Top