Top Sport

Сакраменто го прекинаа 17. годишниот пост, Јанис и Холидеј ја растурија Индијана, нов пораз на Далас,

Со убедливата победа против Портланд во Орегон со резултат 120:80, кошаркарите на Сакраменто и дефинитивно обезбедија пласман во плеј-офот. „Кралевите“, кои имаат скор 46-30, моментално се трети во Западната конференција и се враќаат во плејофот по 17. годишно отсуство. Тимот од главниот град последен пат во плеј-офот учествуваше во сезоната 2005/06.

Сакраменто го забележа третиот триумф во последните четири натпревари против Портланд, а во преостанатите шест меча од регуларниот дел има шанса да го нападне Мемфис на второто место, но многу пореално е во плејофот да влезат од третата позиција.

Второто полувреме во Орегон Сакраменто го доби со неверојатни 70:34, а најдобри беа Малик Монкс со 19 поени и 6 скока и асистенции, Диарон Фокс со 18 и 6 асистенции, Хуертер со 17 и Сабонис со 15 поени, 12 скока и 4. асистенции.

Во неверојатен меч во Индијанаполис, Милвоки ги совлада Пејсерс со 149:136 и со учинок 55-21 го обезбеди првото место во Источната конференција.

Бакс во третиот период постигнаа дури 46 поени.

Џру Холидеј ги предводеше гостите со 51 поен (20/30 од поле) со по 8 скока и асистенции, Јанис Адетокумбо го следеше со 38 поени (14/18 од поле), 17 скока и 12 асистенции, а Брук Лопез додаде 21 поен и 8 скокови.

Филаделфија го победи Далас со 116:108, а Џоел Ембиид беше најдобар откако го прескокна дуелот со Денвер со 25 поени, 9 скока и 3 асистенции. На теренот се врати и Џејмс Харден се врати на теренот и во триумфот учествуваше со 15 поени, 4 скока и 12 асистенции.

Кај Далас се истакнаа Лука Дончиќ со 24 поени (9/20 од поле), 10 скока и 8 асистенции и Кајри Ирвинг со 23 поени (8/17 од поле), 6 скока и 5 асистенции.

Резултати:

Индијана – Милвоки 136:149
Бруклин – Хјустон 123:114
Њујорк – Мајами 101:92
Филаделфија – Далас 116:108
Чикаго – ЛА Лејкерс 121:132
Оклахома – Детроит 107:106
Сан Антонио – Јута 117:128
Феникс – Минесота 107:100
Портланд – Сакраменто 80:120

Scroll to Top