Кошаркарскиот клуб Црвена звезда побара отварање на истрага околу смртта на нивниот кошаркар Мајкл Оџо, кој почина во петокот по срцев удар на индивидуален тренинг, откако оздраве од корона вирусот.
Според српските медиуми, Оџо бидејќи се опоравувал од КОВИД-19 немал дозвола од здравствените власти да се врати на тренинзи. Трагичниот Нигериец имал негативен тест на 5 август, а имаше само 28 години.
Од Звезда објавија дека аутопсијата на Оџо ќе биде изведена утре, но бараат српските власти да направат целосна истрага на случајот.
Починатиот кошаркар на Звезда: Отидов во колеџ затоа што немав што да јадам!
Трагедија во Белград – почина кошаркарот на Звезда, Мајкл Оџо