Поранешниот кошаркар на Кливленд кавалирс, Иман Шамперт останува на мислењето дека Леброн Џејмс ја „уништил“ кошарката со контроверзниот трансфер во Мајами хит, нешто што дел од фановите на Кавс уште не го заборавиле.
Леброн седум години играше во Кавс, кои го избраа како прв пик на драфтот, а потоа како слободен играч замина во Мајами за да формира супер-тим со Двејн Вејд и Крис Бош кој освои две НБА титули и загуби уште во две финалиња.
„Не беше прв Дурент со таков трансфер. Прв беше Леброн кога отиде во Мајами. Тој ја уништи кошарката и го знае тоа. Ја сакам НБА поради лојалноста, и дотогаш мислев дека тоа постои, но тој го сруши тоа. Немаше потреба за таков трансфер“, вели Шамперт, кој со Леброн и Кавс ја освои НБА титулата во 2015/16.