Кевин Дурент се соочува со долга пауза откако се повреди во текот на петтиот меч од финалната серија во НБА лигата. Голден стејт ја намалија предноста на торонто на 2-3 со победата во Канада 106:105.
Актуелните шампиони мечот во Торонто го започнаа со Дурент во стартната постава. Дурент не играше од 8 мај, кога го повреди листот на десната нога на дуелот со Хјустон.
Крилниот играч на теренот мина 11 минути и 57 минути, кој со помош на соиграчите замина во соблекувалната, а арената во Торонто ја напушти со помош на патерици.
Американските медиуми пишуваат дека Дурент ја повредил Ахиловата тетива и доколку тоа е точно тогаш му претстои долга пауза, односно ќе пропушти добра дел од наредната сезона.
Дека ситуацијата со Дурент е сериозна потврди и претседателот на кошаркарските операции на Голден стејт, Боб Мајерс кој заплака на прес конференцијата.
„Кевин ја повреди Ахиловата тетива. Ќе видиме со дополнителните прегледи колку е сериозно. Верувавме дека е подготвен да игра, тука не можете никого да обвините. Ако барате виновник тогаш изберете ме мене. Не е фер, едноставно не е фер ова што се случува. Среќен сум што го познавам, тој е одлична личност. Ска да игра кошарка кога и да може. Допрва ќе знаеме коку е тешка повредата“, рекол Мајерс.
Поради слична повреда, во минатато, Коби Брајант и Демаркус Казинс паузираа помеѓу девет и 12 месеци.