Шекил О’Нил е многу богат човек, што од спортската кариера, што од умните бизнис одлуки, но секогаш имал и „слабо“ срце за тие со помалку среќа, како што покажува неговото последно признание за одбиениот дил со „Рибок“ кога беше на врвот на својата слава.
О’Нил израсна во дом во кој беше само неговата мајка, Лусил во Квинс, Њујорк и тој никогаш не заборави како е да се преживува со многу малку пари. Затоа, приказната која ја раскажа не зачудува.
„Имав договор со ‘Рибок’ – 40 милиони долари за 5 години. Си одам дома од арената еден ден и една дама вреска. ‘Вие сте е.ани идиоти им наплаќате на овие деца толку пари за вашите патики’. Имав околу 2.000 долари во џеб и морав да одговора: ‘Госпоѓо, јас не ги правам парите, еве ви ги овие пари’. Таа ми ги удри парите во моите раце и ми кажа: ‘Зошто не направите патика која е евтина’. Си размислив за тоа и сфатив дека е во право. Тој ден ги раскинав врските со ‘Рибок’ и почнав мој бренд. Им кажав да ги заддржат парите, бидејќи не е во ред. Ќе ги носам вашите патики, но и ќе почнам со брендот ‘Шек’ и отидов во мојот омилен ланец продавници ‘Волмарт’ и направивме договор“, објаснува Шек.
Иронично, од 2020 година, преку компанијата „АБГ“, О’Нил сега е делумен сопственик на „Рибок“. За разлика од „Ер Џордан“ на Мајкл Џордан, кои се продаваат за околу 200 долари во САД, Шек се фокусира на достапни патики – од 12.70 до 67.99 долари за неговите „Рибок Шек Атак“. Во 2004 година, тој склучи договор за продажба со „Волмарт“ со кој ги продава неговите патики за 40 долари.