Top Sport

Шоу на Стеф Кари на крајот на НБА предсезоната

Ѕвездата на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари имаше маестрален финиш на НБА предсезоната, откако ги предводеше Вориорс до 119:97 победа над Портланд, покажувајќи дека е во топ-форма.

Кари го заврши мечот со 41 поен, и 7-од-14 од линијата за три поени, а еден момент посебно се истакна, кога успеа да го декласира целиот им на Блејзерси за да постигне фантастичен поен.

Новата 75. сезона во НБА лигата стартува на 19 октомври.

НБА ПРЕДСЕЗОНА

Мајами – Бостон 121:100

Детроит – Филаделфија 112:108

Индијана – Кливленд 94:110

Њујорк – Вашингтон 115:113

Чикаго – Мемфис 118:105

Милвоки – Далас 103:114

Сан Антонио – Хјустон 126:98

Голден Стејт – Портланд 119:97

Scroll to Top