Top Sport

Шпанските јуниори се светски шампиони по драмата против Франција

Шпанија е освојувач на ФИБА Светското првенство до 19 години, откако по доминантниот турнир, „фуријата“ стигна до драматична 71:67 победа над Франција по продолженијата. Бронзата претходно сензационално ја освои Турција, откако со 84:70 ја победија репрезентацијата на САД.

Во еден цврст меч со мал број на поени, Шпанците не успеаја да се одвојат од своите француски ривали, за во регуларниот дел да биде израмнето на 63:63, по што Шпанците беа поконцентрирани во финишот.

Најголемиот шпански талент, Жорди Родригез, кошаркарот на Хувентут, беше најефикасен за Шпанците со 18 поени.

Scroll to Top