Top Sport

Скариоло го објави тимот на Шпанија за пресметката против Македонија

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Шпанија, Серџо Скариоло, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за дуелот со Македонија на 1 јули во Сарагоса.

Во групата од 15 кошаркари се најдоа следните имиња: Џонатан Бареиро (Уникаха), Феран Басас (Хувентуд), Дарио Бризуела (Уникаха), Квино Колом (АЕК), Алберто Диаз (Уникаха), Дани Диез (Сан Пабло), Жаим Фернандез (Уникаха), Фран Гуера (Тенерифе), Ксабиер Лопез-Аростеги (Валенсија), Жоел Пара (Хувентуд), Хаиме Прадиља (Валенсија), Себас Саиц (Алварк Токио), Микел Салво (Гран Канарија), Јанкуба Сима (Бакси Манреса) и Сантиаго Јуста (Сарагоса).

На подготовките на „фуријата“ ќе биде и Тајсон Перез од Морбанк Андора кој ќе се приклучи подоцна, соопштија од Кошаркарската федерација на Шпанија.

Scroll to Top