Италијанскиот кошаркарски тренер, Серџио Скариоло, ќе остане на кормилот на Шпанија и за време на ФИБА прозорите во септември, ноември и февруари.
Скариоло кој е дел од стручниот штаб на Торонто Репторс, ги договорил деталите со челниците на Кошаркарскиот сојуз на Шпанија.
„Тој ни објасни дека целосно ќе ги исполни своите обрски кон репрезентацијата. Не увери дека неговиот клуб ќе му дозволи да ја предводи Шпанија во квалификациските прозори за пласман на СП“, стои во соопштението од Сојузот.
За продолжување на соработката, Шпнаците информираат, дека ќе двете страни ќе разговараат откако ќе завршат квалификациите.