Грчкиот кошаркар Костас Слукас ја крена на нозе јавноста во својата земја откако се договорил за трансфер во лутиот ривал Панатинаикос. Тој претходната сезона настапуваше за Олимпијакос, а бидејќи не успеа да се договори со челниците на тој клуб околу продолжување на соработката, постигна договор со – Панатинаикос.
„Газета“ од Грција пренесува дека тој ќе потпише тригодишен договор вреден 9 милиони евра.
Во минатото сепак имало многу кошаркари кои настапувале за двата клуба, меѓу нив и најголемите ѕвезди на грчката кошарка како Василис Спанулис и Јанис Бурусис.