Натпреварот меѓу Атланта хокс и Мајами хит, трет дуел од воведната плејоф-серија во НБА, почна со задоцнување откако на влезот во салата бил оставен сомнителен пакет. Полицијата не дозволи фановите да влезат во салата се додека не провери детално дали се работи за бомба.
Единицата на бомби подоцна утврди дека не станува збор за ништо сериозно по што беше дозволено навивачите да влезат на трибините и натпреварот да се одигра.
На крајот победи Атанта хокс во драматична завршница со 111:110, а решавачките поени беа дело на Тре Јанг.