Top Sport

Србите ја прегазија Доминиканска Република за четврт-финале на Мундобаскет

Кошаркарската репрезентација на Србија одигра одлично во натпреварот „да се биде или не“ на овој Мундобаскет и ја декласира Доминиканската Република со 112:79. Србите во голем стил се пласираа во четврт-финалето на Мундобаскетот од втората позиција во групата И.

Најистакнат во тимот на Србијаб еше Богдан Богдановиќ кој уфрли 20 поени, без промашување од поле (4/4 за два и 3/3 за три поени).

Покрај Богдановиќ, одлични беа Вања Маринковиќ и Никола Милутинов со по 16 поени, Филип Петрушев постигна 13, а Стефан Јовиќ постигна поен помалку со седум асистенции.

Карл-Ентони Таунс беше убедливо најефикасен во тимот на Доминиканската Република со 25 поени.

Scroll to Top