Србија уште еднаш докажа зошто е фаворит за златото на Светското првенство во Кина следниот месец, откако сред Атина по продолженија со 85:80 (17:19, 14:19, 21:19, 20:15, 13:8) ја победи Грција во последниот меч од Акропол купот.
Богдан Богдановиќ блесна со 28 поени, Немања Бјелица додаде 18 поени и 14 скока, преземајќи ја главната улога откако Никола Јокиќ беше оставен да се одмори од страна на селекторот Александар Ѓорѓевиќ. Марко Гудуриќ го реши мечот со три клучни слободни фрлања во последните секунди од мечот.
Како што се очекуваше, Јанис Адетокумбо, ги предводеше Грците со 20 поени, неговиот брат Танасис додаде 17 (5 тројки), но вкупната реализација од само 34 отсто во обидите за тројки беше клучна за домаќините. Сепак, тие имаа 48:41 водство на полувреме и изгледаа дека го контролираат мечот, но отсуството на Костас Слукас, Костас Папаниколау и Јанис Папапетру беше забележливо.
Another monster game by @LeaderOfHorde of @SacramentoKings in victory of ?? against ?? ??
28 PTS | 7 REB | 4 AST | 5/9 3PTS pic.twitter.com/45eAup4rpj— Stefanos Marolachakis (@marolas30) August 18, 2019