Кошаркарите на Бон го совладаа Лудвигсбург со 80:71 (16:23, 26:8, 14:22, 24:18) и поведоа со 1:0 во полуфиналната серија од германската Бундеслига.
Победникот на Лигата на шампионите на ФИБА ја оправда улогата на фаворит и го одбрани домашниот терен на стартот од серијата, која се игра до три победи.
Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс го предводеше Бон до победата со 22 поени и седум асистенции, а го следеа Јавонте Хокинс и Колин Малком со по 13 поени.
FINAL | 80:71 – Gekämpft bis zum Umfallen: Wir gewinnen Spiel 1 im @easyCreditBBL-Halbfinale gegen die @MHP_RIESEN! 💪😤
MVP @TjShorts5 führt uns mit 22 Punkten, 4 Rebounds und 7 Assist zum Sieg! 🔥
Spiel 2: Mittwoch, 31.05.23, 20:30 Uhr #BonnToBeWild #HEARTBERG Foto: Wolter pic.twitter.com/rcdFak98yg
— Telekom Baskets Bonn (@TelekomBaskets) May 29, 2023
Во тимот на Лудвигсбург подобар од останатите беше Јорман Бартоло кој постигна 12 поени.
Следниот натпревар од серијата се игра за два дена, а домаќин повторно ќе биде Бон.
Во втората полуфинална серија Улм води со 1:0 во победи против Баерн Минхен.