Top Sport

Томас даде 81 поен, па плачеше што не е во НБА

Ајзеа Томас го имаше можеби најдобриот меч во својот живот, но тоа не беше на терените на НБА, откако постигна 81 поен во „Про-Ам“ лигата на Џамал Крофод, по што се појави емотивна снимка на која плаче што веќе не добива шанса во НБА лигата.

Иако се работеше за меч против аматери и професионалци од понизок ранг, успехот на 32-годишниот ветеран е импресивен.

По неговата фантастична сезона во 2016/17, комбинацијата на повреди, лоша форма, но и недостаток на вистинска шанса, значеше дека за поранешната ѕвезда на Бостон селтикс веќе нема место во НБА. Затоа не чуди неговата емотивна реакција по мечот.

Scroll to Top