Тренерот на кошаркарите на ЦСКА Москва, Димитрис Итудис не бираше зборови на тајм-аутот во првото полувреме на вчерашниот меч од Евролигата што неговата екипа го играше со Алба во Берлин.
Грчкиот стручњак на средината на втората четвртина повика минута одмор за своите кошаркари. Тој беше видно изнервиран поради фактот што играчите на ЦСКА изгубиле дури 11 топки за 15 минути игра.
„Изгледате како нивни кучки. Изгледаме како да сме нивни кучки. Тие не притискаат, а ние само губиме топки. Секој од вас изгуби топка“ – викаше Итудис и покажуваше со прстот кон секој од играчите кој имаше загубена топка.
Сепак, тоа најверојатно ги раздрма „Армејците“ кои до полувремето направија предност од +5, 39-34.
Еве ја реакцијата на стратегот кој „занаетот го печеше“ од српскиот тренер Жељко Обрадовиќ:
CSKA Moscow committed 11 turnovers in less than 15 minutes vs. Alba Berlin.
Dimitris Itoudis is NOT amused. pic.twitter.com/Vsp4a5DfiT
— Antonis Stroggylakis (@AStroggylakis) October 25, 2019