Top Sport

Убедлива победа на Бруклин во Лос Анџелес

Со натпреварот ЛА Лејкерс-Бруклин Нетс започна претсезоната во НБА лигата. Дуелот на екипите кои се меѓу главните фаворити за шампионскиот прстен им припадна на Нетс (97:123).

Двата тима игра во „шарени“ состави. Нест беа без Кајри Ирвинг, кој одбива да се вакцинира, односно Кевин Дурент, Џејмс Харден, Блејк Грифин, Џо Херис, Пети Милс и Џејмс Џонсон.

Лејкерси беа без Леброн Џејмс, Расел Вестбрук, Тревор Ариза и Кармело Ентони.

Во отсуство на најголемите ѕвезди на двете страни, блесна Кем Томас со 21 поен. Бруклин го избраа Томас од 27.место на драфтотот. Томас беше најдобра играч и МВП на летната лига.

Кај Лејкерси се истакна Малик Монк со 15 поени, додека Ентони Дејвис забележа 11 поени и шест скока.

Scroll to Top