Кошаркарската репрезентација на Украина стигна до убедлива 90:61 победа над Велика Британија во првиот меч од групата Ц на Евробаскетот, додека Израел по продолженија беше подобар од Финска со 89:87.
Британците беа израмнет ривал само во првата четвртина, во која губеа со 22:17, по што Михајлук и Лен ги предводеа Украинците до зголемување на предноста. Михајлук со 17 поени и Лен со 13 беа најдобри за Украин, додека Нелсон со 16 беше најефикасен за Британите.
Многу поинтересно беше во мечот помеѓу Израел и Финска, во кој Дени Авдија ги предводеше Израелците до неверојатен камбек од 14 поени негатива во втората четвртиа за драматична победа.
Авдија заври со 23 поени и 15 скока, Томер Гинат додаде 13 поени, додека кај Финците, Лаури Марканен беше фантастичен со 33 поени и 12 скока.
ГРУПА Ц
Велика Британија – Украина 61:90
Хрватска – Грција 17.00 ч.
Италија – Естонија 21.00 ч.
ГРУПА Д
Финска – Израел 87:89
Полска – Чешка 17.00 ч.
Србија – Холандија 21.00 ч.