Двејн Вејд официјално ја заврши својата НБА кариера, но открива дека планира да биде на теренот со ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс во „Стејплс центарот“ оваа сезона.
Вејд, кој живее во предградието на Ел-Еј, во интервју за „Лос Анџелес тајмс“ открива дека планира да тренира со својот поранешен соиграч, и во тренинг-центарот во Ел Сегундо и во „Стејплс“.
„Дефинитивно ќе бидам таку. Ќе бидам пред натпреварите за да работам со Леброн. Сакам да бидам вклучен во тој проект. Имам одлични односи со сите“, вели Вејд.
Вејд и Џејмс играа четири сезони заедно во Мајами хит од 2010 до 2014 година и накратко во Кливленд во 2017/18. Сега нивните синови играат заедно во Сиера Кењон, каде што одат во школо Заир Вејд и Брони Џејмс. 37-годишниот Вејд вели дека не може да отфрли можен кам-бек во иднина.
„Јас завршив, но ќе останам во форма ако нешто се случи. Никогаш не се знае. Никогаш не вели никогаш“, вели Вејд.