Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс во дербито на вечерта во НБА лигата славеа победа во Мајами 122:117. На овој натпревар Каваи Ленард, еден од најдобрите играчи во лигата, го забележа првиот трипл-дабл во кариерата.
Ленард (28) во Мајами го одигра 502 натпревар во кариерата и го забележа првиот трипл-дабл (33 поени, 10 скока, 10 асистенции).
Ленард во 2015 година е избран како 15 пик на драфтот од страна на Инидјана Пејсерс, но веднаш е трејдуван во Сан Антонио. Со Спарс ја освои титулата во 2014 година, а шампионски прстен освои и минатата сезона со Торонто Репторс.
Оваа сезона Ленард има просек од 27,1 поен, 7,4 скока и 5 асистенции по натпревар.