Top Sport

(Видео) Американците моќни, ја растурија Грција

Иако од нив никој не очекува да бидат „дрим тим“, кошаркарската репрезентација на САД покажа дека пак е фаворит за златото на Светското првенство, декласирајќи ја Грција со 108:86 на пријателскиот меч во „Етихад арената“ во Абу Даби.

Американците почнаа фантастично и направија предност од 32:17 по првата четвртина, по што Грците се „рабудија“ и ја одржуваа рамнотежата до крајот на полувремето.

Ентони Едвардс блесна за САД со 21 поен, 4 скока и 1 асистенција, Камерон Џонсон додаде 13 поени, а Џерен Џексон и Остин Ривс завршија со по 11 поени. Кај Грците, селекторот Димитрис Итудис не можеше да смета на Костас Папаниколау, а најдобри на теренот беа Никос Рогавопулос и Панајотис Калаицакис со по 12 поени.

Scroll to Top