Кошаркарите на Денвер Нагетс и Њујорк Никс забележаа победи во првите натпревари, во плејофот, против ЛА Лејкерси и Филадлефија Сиксерс.
Актуелните шампиони, Денвер славеа во дуелот со Лејкерси 114:113. Избраниците на Мајкл Мелоун одиграа многу добар натпревар на стартот од серијата, а особено добри беа во второто полувреме кое го добија со 57:43.
Никола Јокиќ брилјираше, натпреварот го заврши со 32 поени, 12 скока, седум асистенции и без загубена топки.
Јокиќ во свој ритам го започна походот кон нова шампионска титула, а во тоа му помогнаа соиграчите, Џамал Мареј со 22 поени, Портер додаде 19, а Гордон и Колдвел-Поуп 12 поени.
Кај поразениот тим Дејвис постигна 32 поени, а Џејмс 27. Потфрли ДиАнџело Расел кој шутираше 6/20 од поле, 1/9 за три поени.
Њујорк Никс славеа во дуелот со Филаделфија 111:104.
Во култниот „Медисон Сквер Гарден“ одекнуваа извици „МВП, МВП“, тие не беа упатени до актуелниот МВП на лигата, Џоел Ембиид, туку за Џејлен Бренсон, кој го предводеше својот тим до победата со 22 поени.
Исто толку поени, заедно со неколку клучни тројки во последниот дел, постигна и Џош Харт, но овојпат славата отиде кај резервистот Дис Мекбрајд.
Ова момче го заврши натпреварот со 21 поен, реализираше четири тројки.
Филаделфија ја предводеше Џоел Ембид со 29 поени.