Top Sport

(Видео) Ирвинг со нестварен кош го сруши Денвер

Кошаркарите на Далас Маверикс во драматичен натпревар ги совладаа актуелните шампиони, Денвер Нагетс со 107:105.

Сезонава Денвер и Далас се сретнаа три пати, ова е прва победа за Маверикс. До неа дојдоа со поените на Кајри Ирвинг во последната секунда.

Во последната четвртина кошаркарите на Далас имаа предност од 13 поени, Џамал Мареј и Никола Јокиќ успеаја да го вратат во игра актуелниот шампион. На 26 екунди до крајот Мареј со тројка им донесе на Денвер предност 105:102, по тајм-аутот Дончиќ постигна тројка за 105:105.

Денвер имаше шут за победа, Мареј промаши. До крајот останаа 2,8 секунди, Џејсон Кид нацрта акција, а по тај-аутот Ирвинг постигна неверојатни поени за победа.

Денвер моментално е втор на Западот со скор 47-21, додека Маверикс се осми со скор 39-29.

Дончиќ го предводеше својот тим со 37 поени, девет скока и три асистенции, Ирвинг постигна 24, со седум скока и девет асистенции.

Никола Јокиќкај Денвер реалзиираше 16 поени, 11 скокови и седум асистенции, Мареј постигна 23, а Мајкл Портер 20.

Scroll to Top