Кошаркарите на Партизан ја освоија титулата во АБА лигата откако ја победија Црвена Звезда во „мајсторката“. На самиот крај од натпреварот бевме сведоци на една интересна сцена.
На пет секунди до крајот, навивач на Партизан дојде до стручниот штаб на својот клуб и почна да слави, што го налути Обрадовиќ, кој бесно го удри по главата и го врати на своето место.
Потоа го дочека конечниот крај на играта и отиде да се поздрави со противничкиот тренер Душко Ивановиќ.