Поранешниот кошаркарски репрезентативец на Македонија, Владо Илиевски, доби признание за животно дело од Општина Струмица.
На одбележувањето на Денот на заштитниците на градот – Светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици, Владо Илиевски доби награда за животно дело за својата блескава кариера во кошарката и за презентацијата на својот роден град ширум светот.
Владо Илиевски во кариерата играше за гиганти како Барселона и Монтепаски Сиена, и заедно со Горан Пандев е еден од најдобрите спортисти кои потекнуваат од градот Струмица.