Top Sport

Војдан Стојановски: Подготвени сме да изгинеме и да го освоиме „Грипе“

Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром утре ќе му гостува на Сплит и повторно нема право на грешка. Пораз ќе значи и дефинитивно испаѓање во АБА 2, а Војдан Стојановски се надева дека тимот може да го освои „Грипе“.

„Сите сме свесни колку е важен натпреварот против Сплит. Немаме право на „кикс“ до крајот, затоа сме подготвени да изгинеме на паркетот за да дојдеме до посакуваната цел. Верувам дека со добра енергија и со борбена гира ќе може да славиме во славната сала „Грипе“ во Сплит“, изјави Војдан Стојановски.

МЗТ Скопје Аеродром од клупата нема да го предводи тренерот Драган Николиќ, кој е позитивен на коронавирус. Екипата на овој меч ќе ја води асистентот Васко Атанасов.

Scroll to Top