Завршниот турнир од АБА 2 лигата годинава ќе се игра во Домжале, беше одлучено денеска. Осум екипи ќе се борат за пласман во АБА лигата од 12 до 16 април.
Учесниците ќе бидат познати дури по турнирот што тимот на Широки ќе го организира во март.
Тимот што ќе биде поразен во финалето ќе игра плеј-оф за пополнување на елитниот ранг со претпоследниот тим од АБА лигата.
Минатата година МЗТ Скопје Аеродром обезбеди директен пласман иако го загуби финалето, бидејќи тимот на Златибор победи во натпреварувањето.
Според националниот клуч, ниту една земја не може да има повеќе од пет претставници, па Златибор беше поразен во баражот од Борац.