Кошаркарите на Црвена звезда стигна до импресивна 79:77 победа на гости кај Реал Мадрид, во одложениот меч од 19. коло од Евролигата, прекинувајќи ја низата од два порази.
Звезда ја загуби контролата на мечот во последната четвртина, но успеа да изддржи за голема победа. Кори Волден го предводеше српскиот тим во првото полувреме (45:40) со 16 поени, но клучните 10:0 за Звезда се случија на крајот на третата четвртина, кога од 60:58 поведоа со 70:68 предводени од Огњен Добриќ.
Шпанскиот клуб се обиде да се врати со неколку тројки, а по неспортската лична грешка на Бранко Лазиќ се повреди Руди Фернандез, но Реал го намали водството на 76:73. Тогаш одбраната на гостите успеа да го изддржи притисокот, а Џејси Керол не успеа да примора продолжение.
Волден заврши со 18 поени, Добриќ со 13, додека Фернандез со 11 беше најдобар за Реал. Звезда сега има 7-13 скор, а Реал Мадрид 13-7, откако беа поразени само вторпат во последните девет меча.