Црвена звезда направи вистинско чудо, враќајќи се од 19 поени негатива за 83:80 победа на гости кај Асвел, откако новото засилување на тимот, Кевин Пантер постигна тројка во финишот на натпреварот.
Звезда имаше само 7 скока во првото полувреме и ниту една погодена тројка, за францускиот клуб да има 49:30 предност, но во третата четвртина тие направија серија од 13:3 за да го „свртат“ мечот и да предизвикаат луда завршница. Пантер на крајот имаше 18 поени, Владимир Штимац додаде 22, а Лоренцо Браун и покрај повредата имаше 13 поени и 7 асистенции. Со скор од 9-9, Звезда го има осмото место во Евролигата, последно кое носи во плеј-офот.
ЕВРОЛИГА, 18.КОЛО
Баерн Минхен – ЦСКА Москва 77:84 (10:18, 15:23, 27:18, 25:25)
Асвел Лион – Црвена звезда 80:83 (30:13, 19:17, 16:34, 15:19)
Барселона – Анадолу Ефес 82:86 (19:24, 23:21, 16:21, 24:20)
Валенсија – Олимпијакос 91:93 (16:16, 20:23, 27:31, 28:23)
Dagger. Kevin Punter. L’Etoile Rouge l’emporte à l’astroballe. pic.twitter.com/NXJvbtuI0u
— Manu (@_manelo) January 10, 2020