Деветтото коло во регионалната кошаркарска АБА лига донесе неколку одлични потези, а во најдобрите 5 доминираа актерите од „вечното“ дерби, Црвена Звезда – Партизан.
На петтата позиција се најде Лука Божиќ, а на место подолу центарот на Звезда, Мајкл Оџо кој доминира со својата физичка доминација.
На третата позиција центарот на Партизан, Ѓорѓе Гагиќ кој успеа да забие преку противничкиот корпулентен центар, Мајк Цирбес.
Второто место го зазеде акцијата на Бронсон Кениг и Урош Луковиќ, додека на врвот на топ 5 листата се најде Американецот од Цедевита, Елџин Кук со монструозно забивање на мечот против Крка.
Погледнете: