Top Sport

Меси: Сакав Роналдо да остане во Реал

Аргентинскиот фудбалер, Лионел Меси призна дека му недостасува ривалството со Кристијано Роналдо во шпанската Ла Лига.

Тие двајца заедно „тежат“ 9 Затни топки од 2008 до 2017 година.

Роналдо долг период беше дел од „Кралскиот клуб“, а Меси од почетокот на професионалната кариера е дел од Барселона.

Минатото лето Роналдо премина во Јувентус за 100 милиони евра.

„Сакав Кристијано да остане во Ла Лига. Реал е клуб кој има зацементирано свое место во историјата. Тој може да се бори за секој трофеј, но кога играч како Роналдо ќе си отиде, тоа се забележува. Така би било во секој друг клуб. Што се однесува за нашето ривалство за Златната топка, никогаш не сум размислувал за тоа, дали на крајот ќе имам повеќе награди од него“ – изјави Меси за радио „RAC1“.

Со своите игри во Барса и Реал, Меси и Роналдо се издвоија како најдобри светски фудбалери, а нивните тимови доминираат во Шпанија и Европа.

Аргентинецот со каталонскиот клуб освои 10 тирули во Ла лига, 4 во Лига на шампиони и 6 трофеи во Купот на кралот.
Португалецот со Реал двапати беше шампион во Шпанија, исто толку пати го освои и Купот на кралот. Дури четирипати ја освои ЛШ со „Кралевите“.

Scroll to Top