Top Sport

Алегри: Јирген Клоп е најдобриот тренер во светот

Еден од најбараните фудбалски тренери во Европа, Италијанецот Максимилијано Алегри во интервју за „AFP.com“ редеше пофалби на сметка на Кристијано Роналдо, а го кажа и својот став за тоа кој е најдобриот фудбалски тренер во светот, во моментов.

„Фудбалот е работа на менталитет. Морате да сте ментално силни и да се жртвувате. Роналдо е пример за тоа. Постојат добри играчи и многу таленти кои остануваат на исто ниво затоа што немаат ментална сила. Роналдо ја има и затоа е толку успешен и трае, и трае“ – смета Алегри.

Италијанецот без многу размислување Клоп го посочи како најдобар во тренерката работа.

„Мислам дека Јирген Клоп е најдобар. Тој направи големи работи откако ја напушти Борусија (Д) и го презема Ливерпул. Најдобрите тренери разбираат каква екипа имаат пред себе, какви играчи водат и како од нив да го извлечат најдоброто. Тоа Клоп го прави, што го покажуваат и неговите резултати“ – заклучи Алегри.

Алегри досега беше тренер на СПАЛ, Гросето, Сасуоло, Калјари, Милан и Јувентус.

Со „Росонерите“ го освои Скудетото и италијанскиот Суперкуп, додека со „Старата дама“ стигна до 11 трофеи, од кои 5 Скудета, 4 Купа и 2 италијански Суперкупа.

Јуве двапати досега го носеше и до финалето на ЛШ, но таму загуби од Барселона, односно од Реал Мадрид.

Scroll to Top