Кошаркарите на САД, актуелните светски шампиони синоќа ја победија Шпанија во подготвителен меч во Анахејм, Калифорнија со резултат 90-81.
Најефикасен кај САД беше Донован Мичел со 13 поени, го следеа Крис Мидлтон со 12 и Кемба Вокер со 11 поени.
Во поразената селекција Марк Гасол постигна 19, а Рики Рубио 16 поени.
Домашната селекција овој дуел го одигра со 13 кошаркари, а нивното најсилно оружје на синоќешниот мел беше ударот за 3 поени. Американските кошаркари погодија 11 тројки од 19 обиди, а вкупниот процент од игра за нив изнесуваше 55%.
Селекцијата на САД ќе одигра уште три подготвителни натпревари, а првиот следен ќе биде против репрезентацијата на Австралија.
Jayson Tatum drops the hammer! ?#USABMNT | @FIBAWC pic.twitter.com/kgQhr6SdET
— NBA TV (@NBATV) August 17, 2019
https://youtube.com/watch?v=M0qQ6EVQ85E