Top Sport

Англичаните тријат раце, го сакаат Мундијалот во 2022 наместо Катар!

Поранешниот претседател на УЕФА, легендарниот француски фудбалски ас, Мишел Платини утринава е приведен поради сомнеж за малверзации околу доделувањето на организацијата на Светското првенство на Катар во 2022 година. Според многумина, нема да биде изненадување доколку Мундијалот во 2022 и биде доделен да го организира сосема друга држава.

Уште во 2010 година Катар ја доби организацијата на Мундијалот, иако тогаш беа спорни временските услови, спортската традиција, стадионите и непочитувањето на човековите права, а светските медиуми шпекулираа дека ФИФА веќе има „заменски“ организатори на фудбалскиот турнир.

Иако Катарците пред 9 години во „финалето“ за добивање на организацијата го победија САД, прв фаворит да биде домаќин на Мундијалот во 2022 година е Англија.

Букмејкерите од притворањето на Платини значително ги симнаа квотите за Англичаните да ја добијат организацијата, нормално ако им биде одземена на Арапите.
Во Англија не би имале преголем проблем со стадионите затоа што освен „Вембли“ во овој век се изградени неколку преубави стадиони.

САД пак се споменуваат како најголем противкандидат на Англија иако веќе ја добија организацијата за Мундијалот во 2026, заедно со Мексико и Канада.
Надеж дека може да им се посреќи имаат и Шпанците кои беа организатори во 1982 година, а во игра се и Аргентинците кои во 1986 успешно организираа фудбалски Мундијал.

Јасно е дека доколку на Катар на 3 години ред почетокот на СП му се одземе организацијата, тоа ќе биде преседан во историјата на фудбалот, но ако се испостави дека имало корупција – тоа ќе биде неминовен потег.

Британски „Телеграф“ пишува дека Платини со челникот на Фудбалскиот сојуз на Катар се сретнал меѓу 30 и 50 пати, а дека имало корупција покажува и фактот што две третини од тогашниот состав на Извршниот комитет на ФИФА е сменет или под истрага, додека самиот Платини во 2015 е суспендиран на 8 години поради малверзации.

Scroll to Top