Top Sport

Нејмар се потсети на детство: Немавме пари, ја молев мајка ми за колачиња!

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Бразилецот Нејмар го раскажа својот тежок детски живот кога во семејството немале доволно пари за основните потреби. Тој рече дека барал мајка му да му даде колачиња, но добивал одговор: „Немаме пари“.

„Кога бев мал, многу сакав да јадам колачиња, но често не можевме да си ги дозволиме. Ја молев мајка ми да купиме, а таа ми велеше „сине, немаме пари, а немам ни со што да ти направам колачиња“. Ми велеше дека ми должи и дека кога татко ми ќе земе плата наредната недела, ќе си купиме. Јас и кажав „Мамо, еден ден ќе бидам богат, ќе си купиме фабрика за колачиња и ќе може да јадам кога ќе посакам“. Секогаш кога ќе се потсетиме на оваа приказна, мојата мајка плаче. Кога наполнив 15 години, сфатив дека ако ги слушам родителите, нема да ми недостасува ништо во животот“ – раскажа Нејмар.

Бразилскиот фудбалер сега е еден од најбогатите фудбалери во светот. Според податоци, тој заработува околу 36 милиони евра по сезона. За него француски на Барселона и плати рекордни 222 милиони евра.

Scroll to Top