Top Sport

Давиденко: Федерер лажеше, требаше да признае дека сум подобар од него

Екс-рускиот тенисер, Николај Давиденко откри интересен детал од еден меч со швајцарскиот ас, Роџер Федерер. Русинот се потсети на мечот против Федерер одигран на Австралија Опен во кој го загуби првиот сет, па потоа го загуби мечот.
„Пензионираниот“ руски тенисер рече дека Федерер лажел кога го прашал што се случило на тој меч.

„Роџер се сеќава дека го победив во Доха, а потоа го освоив и првиот сет на Австралија Опен. Го прашав зошто тогаш отиде во тоалет по првиот сет, а тој ми одговори дека не отишол во тоалет. Рече дека му пречело сонцето, па чекал тоа да се спушти. Јас му реков дека тоа не е вистина и дека мора да признае дека сум подобар од него“ рече Давиденко за „Еуроспорт“.

Тој смета дека Швајцарецот ќе оди во „пензија“ прв од големата тројка.

„Федерер тоа прв ќе го стори. Мислам дека сака да одигра уште едни Олимписки игри наредната година пред да се повлече. Нему му е лесно да дојде со четвртфинале, полуфинале, финале, така да ќе остане во топ 10. Нема да биде прв, но ќе биде петти, седми, десетти…“ – објасни Русинот.

Тој претходно се пожали дека Швајцарецот е виновен за неговиот „неуспех“ во кариерата.

Давиденко: Федерер ми ја уништи кариерата

Scroll to Top