Top Sport

Барса го продаде Артур за 82 милиони евра

Бразилскиот фудбалер од средниот ред, Артур Мело од идната сезона ќе настапува во Торино, за Јувентус.

Неговиот актуелен клуб Барселона го потврди трансферот на Артур вреден 82 милиони евра. Италијанците за него ќе платат 72 милиони евра, а останатите 10 милиони евра ќе бидат исплатени во варијабили.

Артур на „Ноу Камп“ ќе остане до крајот на сезонава. Тој тоа денеска самиот им го кажал на тренинг, на своите соиграчи.

23-годишниот Бразилец во Барса дојде во 2018 година од редовите на Гремио и досега има одиграно 72 меча за Каталонците. Постигна 4 гола.

Најавите се дека неговата позиција во тимот ќе ја пополни Миралем Пјаниќ кој од Торино се сели во Барселона.

Scroll to Top