Top Sport

Олимпија Милано прави „дрим-тим“, тргнаа и по Датоме

Се чини дека Олимпија Милано составува одлична екипа за наредната сезона.

Во миланскиот клуб веќе стигнаа Малком Дилејни од Барселона, Кајл Хејнс од ЦСКА Москва и Кевин Пантер од Црвена Звезда.

Освен нив, во „модната престолнина“ би требало да дојдат и Луиџи Датоме, односно Зах Ладеј.

Датоме е еден од најпопуларните италијански кошаркари. Моментно е член на Фенербахче, а доколку реши да се врати во Италија, тоа би било негово враќање во татковината по пауза од 7 години.

Ладеј, пак, е играч на Жалгирис, а претходно настапуваше и за Олимпијакос. Се работи за 26-годишен крилен центар кој со сјајните игри во Литванија го сврте вниманието врз себе.

Според пишувањата на „Газета“, за неговите услуги се заинтересирани неколку евролигаши.

Scroll to Top