Top Sport

Во Интер е 6 години, не заиграл ниту минута, а има 2 црвени картони

Тимот на Интер на своите навивачи синоќа им приреди нов шок, со пресврт во финишот ги собра бодовите кај Парма.
Вниманието на медиумите го привлече резервниот голман на „нероазурите“, 37-годишниот Томазо Берни.

Тој синоќа доби црвен картон и тоа надвор од теренот што не би било необично доколку истото не му се случува по вторпат, а ако се знае дека до сега нема проведено ниту секунда на зелениот терен за својот тим.

Берни е во Интер уште од 2014 година кога стигна од екипата на Торино како слободен играч. Цели 6 години не настапил за Интер, а претходно и во 2013 година преседел на клупа и кај „биковите“.

По се изгледа искусниот Италијанец знае да ги „поттурне“ работите, по неговиот црвен картон следуваше пресвртот.

Во кариерата има настапувано и за Лацио, Брага и Сампдорија. Тој бил и младински репрезентативец на Италија.

Scroll to Top