Top Sport

Барса ја има најдобрата младинска академија, по неа се Реал, Лион и Јунајтед (фото)

Швајцарскиот институт за спортски истражувања CIES објави листа со педесет најдобри светски академии кои произведуваат млади фудбалски таленти во последните 5 години. Критериумот е колку минути тие млади играчи меѓу 15 и 21 година одиграле во клубот во последните 3 сезони.

Барселона е прва на оваа листа со 69 играчи кои моментно играат во дури 55 клубови во светот. На второто место е Реал Мадрид, па следуваат Лион, Манчестер Јунајтед и Рен.

Од најдобрите фудбалски академии надвор од топ 5 лигите се Ривер Плата, Спортинг Лисабон, Бока Јуниорс, Ајакс и Феенорд.

Од балканските клубови на листата е и загребски Динамо кој произвел 16 играчи кои моментно настапуваат во 24 клуба во светот.

Scroll to Top