Top Sport

Белградските кошаркарски ривали со лекции за Цедевита и Мега во АБА (видео)

Белградска Црвена Звезда и ривалот Партизан синоќа забележаа победи во натпреварите од шестото коло во АБА лигата.

Црвена Звезда во Белград победи против хрватскиот претставник Цедевита со 94:79, па сега се единствената екипа со максимален учинок и воедно лидер на табелата.

Огњен Добриќ со 17 поени и Филип Човиќ со 13 поени беа најефикасни кај домачините, а кај гоститеБел беше најефикасен со 19 поени.

Партизан нагости во Сремска Мтровица триумфираше над тимот на Мега со 74:81.

Црно-белите под водство на новиот тренер Андреа Тринкиери покажаа дека имаат потенцијал за далеку подобри резултати.

Scroll to Top