Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Корк рече дека младиот фудбалер Џејдон Санчо останува во клубот иако за него се заинтересирани бројни европски клубови.
Санчо е еден од најдобрите играчи на „Милионерите“ оваа сезона, одигра 34 меча и постигна 4 гола. По добрите партии за клубот, во октомври доби повик и за настап за Гордиот Албион.
За 18-годишниот играч најзагреани беа Манчестер Јунајтед и ПСЖ кои нудеа по 100 милиони евра, но од Борусија ги одбија понудите.
„Џејдон и дефинитивно ќе игра за Борусија Дортмунд следната сезона. Далеку од тоа дека сакам да ставам цена на него, но неговиот трансфер ќе биде тежок, дури и за најголемите светски клубови во овој момент“ – рече Корк.
Санчо дојде во Дортмунд во август 2017 година од Манчестер Сити, а истата година во октомври дебитираше за клубот во мечот против Ајнтрахт Франкфурт кој заврши 2-2.
Досега трипати го носеше дресот на Англија.