Лука Модриќ се потруди да им го честита Божиќ на своите навивачи на посебен начин. Лука, неговата сопруга Вања и нивните три дечиња во идентични пижами позираат пред елката.
„Среќен Божиќ на сите“ – порачаа Модриќи, а нивната фотографија довела до бура од воодушевување на Инстаграм.
За само 2 часа, повеќе од 500.000 луѓе од сите делови на светот ја лајкнале фотката.
Во слично издание на Инстаграм се појавија и Лео Меси и Антонела Рокузо. Тие исто така позираа во идентични пижами со своите тројца синови и на обожавателите им посакаа се најубаво за Божиќ.
https://www.instagram.com/p/Brywcx4gdLq/?utm_source=ig_web_button_share_sheet