Македонскиот каратист Емил Павлов (-60 кг) го освои бронзениот медал на Европското првенство во карате во Гладалахара, Шпанија, откако во борбата за третото место го совлада Романецот, Флорин Гоголоси.
Ова е четврти медал од Европските првенства за Павлов. Досега има освоени 2 златни и 2 бронзени со што е најуспешниот македонски каратист.
Претходно Павлов беше елиминиран во полуфиналето, откако беше оштетен од судиите во дуелот со Евгениј Плахутин.
Павлов со македонската репрезентација го очекуваат Европските игри во Минск, каде целта е остварување на норма за Олимиските игри во Токио, 2020 година.