Плејмејкерот на евролигашот Армани од Милано, Шпанецот Серхио „Чачо“ Родригез се врати во татковината по 14-дневниот карантин во Италија.
Шпанска „Марка“ пишува дека Родригез возел 15 часа или над 1.500 километри со автомобил за да избега од Италија каде коронавирусот зема се поголеми размери.
Шпанецот најпрво две недели бил во самоизолација во Милано, а потоа со семејството морале со автомобил да одат до Пиринеите затоа што сите летови од „Чизмата“ се откажани. На крај успешно стигнале во Аликанте.
Северниот дел на Италија е епицентарот на коронавирусот во Европа.
Кошаркарските сезони ширум Европа се во прекин до неодредено.