Кошаркарската селекција на Чешка ќе се бори против Србија во борбата за петтата позиција на Светското кошаркарско првенство кое во недела завршува во Кина.
Предмалку Чесите со 94-84 славеа во мечот за пласман против селекцијата на Полска, која со денешниот пораз ќе игра меч против фаворитот САД за пласман на седмата позиција на шампионатот.
И Полска и Чешка на денешниот меч покажаа дека не се незаслужено во првата „осумка“ на СП, одиграа борбен и ефикасен меч, во кој подобри беа Чесите.
Отпорот на противниците чешките кошаркари го скршија со добрата игра во вториот, односно во четвртиот период од играта кога направија предност од +8, односно од +9 поени што го задржаа до крајот на мечот.
Први стрелци во победничката селекција беа Хрубан со 24, односно Саторански со 22 поени.
Кај Полска најпрецизен беше Вачински со 22 поени.